Во Скопје паднале 16 дрвја при што се оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, а едно лице е повредено, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за последиците од вчерашното невреме.
-На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. Добиена е пријава за паднато дрво врз жена на булевар „Свети Климент Охридски“. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка. Паднато е големо дрво во населба Сопиште, има скинат кабел од бандера на улица „Ѓорѓи Капчев“, Скопје. Четири паднати дрва има на локација Воен базен на патот према касарната, а добиена е пријава за пожар од спој на жици од електрична енергија на локација ДСМ-Ортопедика населба Карпош. Пријава за откачен лим од приватна куќа има на улица „Јуриј Гагарин“, во Скопје, како и за навалено големо дрво на истата улица. Има паднато дрво на улицата по која движат возила на локација улица „12-та Македонска Бригада“, Скопје, а добиена е пријава за паднато дрво врз патничко моторно возило марка „Сузуки“ на булевар „Видое Смилевски – Бато“, Скопје. Добиена е и пријава за скршена липа и падната врз орев на улица „Душан Тасковиќ“, Скопје, стои во соопштението на ЦУК.
Фото:ФБ