ФФМ ги информира сите заинтересирани дека поради големиот интерес за вечерашниот квалификациски натпревар билетарницата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе работи од 10:00 до 18:00 часот.
Билетите одамна се пуштени во продажба онлајн преку новата платформа за електронска продажба (eticket.ffm.mk), но денеска ќе може да се набават и физички на билетарницата.
Од ФФМ информираа дека досега се продадени околу 20 илјади билети и апелираа праксата на барање гратиси конечно да се искорени. Билетите се по нормални цени, а згора на тоа сиот остварен приход ќе биде дониран за настраданите од пожарот во Кочани.
Натпреварот Македонија – Велс се игра вечерва од 20:45 часот.