Билетите за Грузија и Гибралтар по цена од 250 до 350 денари

По цена од 250 и 350 денари започна продажбата на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Грузија и Гиибралтар кој ќе се одиграат на 9. и 12. јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Натпреварите ќе се играат  рамки на групата од УЕФА Лига на нации во рамките на која Македонија веќе одигра два натпревара против Бугарија и Гибралтар и освои четири бодови.

– Влезниците преку „Mk tickets“ се продаваат по цена од 250. денари за северната трибина, 250. денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи, објави ФФМ.

Прв противник ќе ни биде селекцијата на Грузија, репрезентација против која од последниот дуел носиме убави сеќавања. Во Тблиси ги победивме Грузијците и така обезбедивме настап на Европското првенство. Грузија гостува тука во четврток од 20:45 часот.

После Грузија во вториот натпревар дома ќе се сретнеме со Гибралтар, овој дуел е закажан за в недела од 18:00 часот.

Претходна вестИ овде има успешни изуми: Хиперсоничните ракети се поспори од цените во Македонија
Следна вест34-годишник го запалил центарот „Иван Михајлов“ во Битола