Билјана Ивановска ќе биде кандидат за градоначалник на „Независни заедно“ за општина Центар

120

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја претставија поранешната антикорпуционерка Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.

Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.

Ивановска ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк на 14.08. (четврток) во 09:30 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЧетири активни пожари, три се под контрола, информираа од ЦУК
Следна вест(Видео) Прва скопска ТВ: Пожарот во ловиштето Јасен се уште активен