Битиќи: Просечната плата кај нас е 550 евра, земјите од каде најверојатно ќе доаѓаат работници имаат просечна плата 200 евра

На Македонија и фалат околу десет илјади работници тврди вицепремиерот Фатмир Битиќи. Според него примарно е да се најдат работници од домашниот пазар, но призна дека веќе отворено се дебатира со стопанските комори за увоз на евтина работна сила од странство.

– Се повеќе многу компании велат дека многу тешко наоѓаат работна сила од она што го има на располагање во Агенцијата за вработување. Затоа Владата прави план за вработување преку различна доквалификација за да се спремат тие работници за пазарот на трудот. Но дотогаш секако има потреба да се увезе работна сила затоа што миграцијата е очигледна, не само во Македонија туку во сите земји на Западен Балкан, рече Битиќи.

Вицепремиерот велии дека во Владата се разговарало со стопанските комори за оваа проблематика, се утврдило дека најмногу работници фалат во секторот градежништво и секторот хотелиерство и туризам.

– Просечната плата кај нас е 550 евра, платата во која што одат да работат нашите работници е 1100 евра. Земјите од каде најверојатно ќе доаѓаат работници во градежништво, во рударство, имаат просечна плата 200 евра и тоа е природен циклус за движење на работна сила, додаде Битиќи.

Лани сме имале 5300 работници кои што работеле во нашата земја.

Претходна вестИнститутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ објавува конкурс за најдобар есеј
Следна вестРашковски се спореди со Илон Маск: И тој ќе ја напишеше истата спецификација