Битолчанка со нож им се заканувала на нејзините дедо и баба, искршила дел од покуќнината

Девојка од Битола се скарала со нејзините баба и дедо и им се заканувала со нож.

Имено, СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 01.07.2024 во домот, по претходна расправија, пријавената со нож се заканила на нејзините дедо и баба, а оштетила и дел од покуќнината.

Претходна вестСо нож сакал да го нападне брат му: кривична за маж од Прилеп
Следна вест26-годишна девојка пронајдена почината на браната „Градче“