Бизнисменот Радомировиќ пронајден застрелан, починал на пат до болница

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ доцна вечерва со тешки повреди на главата е пронајден покрај неговиот автомобил кај скопското селото Орман.

Според првичните неофицијални информации, Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава, а до него имало пиштол и чаура.

Радомировиќ, тешко повреден бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но на пат дотаму, тој им подлегнал на повредите.

Повеќе детали се очекуваат за утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.

Претходна вестДвајца пожарникари полесно повредени гаснејќи го пожарот над Битола
Следна вестТемпература денеска до 43 степени, портокаловиот аларм активен до крајот на работната седмица