Темен режим Режим на светлина

Блокирани сметките на „Аџибадем“ во Турција поради долг за кирија

Сметките на една од најголемите и најстарите турски здравствени групации, Аџибадем, се блокирани поради долгови, јавуваат турските медиуми.

Канцеларијата за извршување во Истанбул донела одлука со која сметките на оваа болница се блокираат, поради тоа што истанбулска болница на „Аџибадем“ не можела да плати долг за кирија од околу 200.000 евра кон Белен Иншаат.

Одлучено е да се блокираат сметките на компанијата која има долг од 4 милиони 241 илјади лири со побарувања, камати и трансакциски трошоци, се вели во соопштението на Канцеларијата.

 

Здравствената групација „Аџибадем“ е еден од најголемите турски приватни здравствени синџири и има болници во речиси секој град во Турција. Таа повеќе од една деценија работи и во Македонија, откако влезе како инвеститор во приватната болница „Систина“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Српската влада донесе одлука за соработка на Лесковац со Струмица и на Лебане со Кривогаштани

Следна објава

Во февруари годинава просечната плата 33.720 денари