Бочварски му даде „датум“ и на експресниот пат Штип – Кочани

Кој често чита владини соопштенија и изјави за медиуми тој знае дека македонската власт многу гради патишта. Таква „градителска“ изјава има и денеска, овој пат од министерот Благој Бочварски.

Тој соопшти дека за втората делница од експресниот пат Штип-Кочани денеска е завршена постапката за експропријација која што одзела доста време. Сега ќе побрзале да го занвршат патот кој одамна е започнат да се гради.

– Овој експресен пат е со над 92 проценти прогрес на работите и нашите очекувања се дека во декември ќе можеме да го пушптиме во сообраќај под времен режим, таму се вршат сите градежни работи, тоа го гледаат граѓаните, изјави Бочварски.

И не само тоа, министерот кажа дека се работи на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце.

-Првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, изјави Бочварски.

Сега останува само македонската јавност да почека реализација на ветеното.

Претходна вестДизелот поскапува за два денара, бензините со иста цена
Следна вестДвајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од Гостиварско