Богоев потврди дека партијата го спрема за Царина – дали ќе биде, не знае

208

Актуелниот градоначалник на општина Каропш, Стефан Богоев, потврди дека во СДСМ се разговарало тој да биде новиот директор на Царинската управа, но назначувањето е во надлежност на Владата.

-Сме разговарале во партијата за таа можност. Сепак, директор на Царина назначува Владата. Тоа е во ингеренција на централната власт, а јас како дел од локалната не можам да прејудицирам одлуки на Влада“, рече Богоев, одговарајќи на новинарско прашања.

Претходно, СДСМ за кандидат за градоначалник на Карпош го предложи Душко Весковски, кој е актуелен директор на ЈП „Водовод“ Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКомисијата за заразни болести ќе одлучува дали школите во Тетово да почнат со онлајн настава
Следна вестЖителите на Ѓорче алармираат дека општината сака да протне измени на ДУП среде распишани избори