Воспаление на желудник е причинаta поради која Бојан Јовановски синoќа бил опериран во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Јовановски кој неодамна беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“ бил примен околу 19 часот и по извршените испитувања веднаш бил упатен во операциона сала.
Тој, според информациите, сега е во стабилна состојба, а повеќе информации се најавуваат во текот на денот.
И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми.