Болки на самото место и малку покачена температура – малкумина од вакцинираните појавиле реакции

Од досега 1.040 здравствени работници кои ја примиле вакцината против ковид-19, кај мал број од нив се појавиле реакции по вакцината –  болки на самото место и благо зголемена телесна температура.

Сите тие се вакцинирани со дози од „Фајзер“, кои земјава ги доби како донација (4.680) од Србија, додека останатите од договорената количина од 8.000 вакви вакцини ќе пристигнат дополнително.

Во оваа прва фаза се опфатени здравствените работници кои работат во ковид-центрите, а вакцинацијата се врши во модуларната болница во Скопје.

Во следните денови се очекуваат 200.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, од директниот договор со „Фајзер“ и од Ковакс механизмот („Астра Зенека“).

Премиерот Зоран Заев најави дека државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини „Спутник В“.

Инаку, досега преку веб-страницата ,,vakcinacija.mk” се пријавиле 63.075 граѓани кои сакаат да се вакцинираат во следните фази, откако ќе завршат хроничните болни и старите лица над 70 години, како и останатите приоритетни групи. Пријавивањето на постарите наши граѓани е преку матичните лекари.

 

Претходна вестЕУ согласна за санкции кон Русија поради затворањето на Навални
Следна вестКовид во 24 часа: 13 починати и 129 нови заразени