По упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска била побарана помош од МВР за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше.
Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш било одговорено на поставената задача.
-Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ „Тигар“ заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска во периодот од 7 до 10 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер. Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде беше предадено за укажување на медицинска помош, се наведува во соопштението на МВР.