Борел многу не охрабри: ЕУ ќе стои до вас, ќе ве поддржи, ќе ви дава насоки, а Уставот…

Нов преставник на ЕУ-елитата порача дека Македонија треба да го смени Уставот. Во последно време тоа се случува често, а најновото е од денеска кога лично од Скопје високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел ни порача: Македонија треба да ги подобри односите со соседите и да направи уставни измени со цел да стаса во Европска унија.

– За да стигнете во ЕУ вие треба да продолжите да одите нанапред и како држава и како општество. Да се оди нанапред значи и подобрување на односите со вашите соседи. Тука спаѓа и да се создадат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули минатата година ова е најдобрата зделка што можете да ја добиете. Измената на Уставот само понатаму ќе ги унапреди основните права и не се сомневам дека со тоа ќе се зачува македонскиот идентитет и ќе напредне процесот на пристапување кон ЕУ, изјави денеска Борел.

Тој додаде дека сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека. Според него, не е реално да се очекува повторото отворање и преговарање за Преговарачката рамка.

-ЕУ ќе стои до вас, ќе ве поддржи, ќе ви дава насоки и во овие тешки времиња и ќе и помогне на Владата. Нашата поддршка и помош е многу поширока и е наменета за поволноста на сите луѓе. Се трудиме да изградиме заедничка иднина, рече Борел.

Македонскиот премиер Ковачевски, пак истакна дека работата на Владата е поставена на линија на европската агенда.

-Јас и сите ние во Владата веруваме дека РСМ во моментов има политички капацитети коишто можат да придонесат по успешно завршениот скрининг процес во ноември со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и во 2030 година да станеме земја – членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Претходна вестДрога вредна половина милион евра, откриена во скопска лабораторија за производство на амфетамин
Следна вестНа Вархеји работа му било да е оптимистичен за членство во ЕУ: Кажавте 2030 година, може да биде порано, може да е подоцна