Борисов: Изјавата на Мицкоски е чиста провокација

Реакција од Бугарското Министерство за надворешни работи, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски праша зошто Бугарија не Бара од Албанија граѓаните кои се таму и се изјасниле како Бугари да влезат во Уставот.

Тие сметаат дека изјавите на Мицкоски ја искривувале реалноста и ги поткопувале напорите за градење, и како што велат бугарското малцинство во Македонија не е билатералнбо прашање туку европски стандард и од тоа зависи иднината на Македонија кон ЕУ.

Реагираше и Борисов, кој вели дека изјавата на премиерот е како тест или провокација за новата влада на Бугарија.

-Апсолутна провокација и едноставно не треба да и се обрнува внимание.Министерството за надворешни работри на Бугарија реагираше добро, така што тие тоа можат, рече Бојко Борисов.

Изјавата на Мицкоски жестоко ја напрадна и лидерот на партијата во Бугарија „Има таков народ“ Слави Трифонов, кој вели, навистина ми е доста од овие луѓе. Не можам да кажам дали сум лут или тажен. Овој Мицкоски е избран демократски. Живо се сеќавам како за време на изборите целата негова изборна кампања беше заснована кон нас Бугарите.

Премиерот пак вчера во Собранието рече дека е чудно, како Албанија која според последниот попис живеат над 8.000 Бугари, нема услов да ги стави во Уставот, додека Македонија, која има нешто помалку од 800 се соочува со блокади.

-Суштинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 бугари декларирале дека мајчин јазик им е Бугарскиот треба да ги ставиме во устав, а зошто Албанија го нема тој услов да овие 8000 не ги стави во уставот, рече Христијан Мицкоски.

Ставањето на Бугарите во уставот е дел од преговарачката рамка, според која Македонија треба да ги продолжи преговорите со ЕУ.

Претходна вестКасами: Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот
Следна вестВо сезоната на грип евидентирани повеќе од 11.000 случаи