Борјан Ефтимов избран за нов студентски лидер на УКИМ

Со 26 гласа добиени од претставници на факултетско – студентски собранија Бојан Ефтимов е избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот противкандидат Александар Ѓорѓиевски доби 15 гласови.

Гласањето се одвиваше во Ректоратот на УКИМ, во присуство на сите 46 членови (заедно со кандидатите) на факултетските-студентски собранија. Претходно, канидатите ги претставиле своите програми и одговарале на прашањата на присутните претставници на студентски собраниа.

Ефтимов во својата проргама најави дека ќе се бори за за зголемување на буџетот за образование (на 5 отсто од БДП) и за високо образование (на 1,5 проценти од БДП).

-Зголемување на бројот на наставните кадри, унапредување на практичната настава,  формирање комисија за екологија и заштита на животната средина, укинување на сите дополнителни давачки кон факултетите и универзитетот, бесплатен јавен превоз за сите три циклуси на студии, зголемување на социјалната стипендија, се главните заложби во неговата програма.