Home АКТУЕЛНО Боркица бара развод од Никола Груевски

Боркица бара развод од Никола Груевски

0
Боркица бара развод од Никола Груевски

Барање за развод на брак поднела Боркица Груевска, сопругата на поранешниот премиер Никола Груевски. Барањето е поднесено пред Основниот граѓански суд во Скопје, објави „Фокус“.

– Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20. 000 денари, се вели во судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник.

Судскиот оглас е објавен јавно во Службен весник, бидејќи Груевски не е достапен, па се информира на овој начин.

За привремен застапник на Груевски е назначена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.

Барањето за развод следува три и пол години откако Никола Груевски избега во Будимпешта, за да не издржува казна затвор за случајот со „мерцедесот“.Боркица му е втора сопруга на поранешниот премиер, со кого се омажи во мај 2007 година и имаат две ќерки.