Борко Ристовски најави ревизија по утврдените неправнилности во изградбата на спортското игралиште во Миравци

Од Министерството за спорт денес извршија детална инспекција на спортското игралиште во Миравци, изградено од Агенцијата за млади и спорт од пред една година. За време на инспекцијата биле утврдени големи несогласувања помеѓу она што го предвидува проектот и тоа што е направено на терен.

 

Министерот за спорт Борко Ристовски, објави дека иако проектот предвидувал игралиштето да биде изградено со квалитетни материјали, сепак реалноста е поинаква и дека играчката површина и опрема не се во согласност со предвидените стандарди.

 

Ристовски најави дека ќе биде направена целосна ревизија за да се утврди како дошло до овие пропусти и вети дека ќе биде утврдена одговорност од сите инволвирани страни.

 

„Нашата цел е да обезбедиме квалитетни спортски објекти за нашите граѓани и нема да дозволиме вакви неправилности да останат неказнети“, напиша Ристовски на „Фејсбук“.

 

 

 

Претходна вестПожарот на Серта пеплосал површина од девет илјади хектари
Следна вестСончево и топло со слаб променлив ветер