
Од Министерството за спорт денес извршија детална инспекција на спортското игралиште во Миравци, изградено од Агенцијата за млади и спорт од пред една година. За време на инспекцијата биле утврдени големи несогласувања помеѓу она што го предвидува проектот и тоа што е направено на терен.
Министерот за спорт Борко Ристовски, објави дека иако проектот предвидувал игралиштето да биде изградено со квалитетни материјали, сепак реалноста е поинаква и дека играчката површина и опрема не се во согласност со предвидените стандарди.
Ристовски најави дека ќе биде направена целосна ревизија за да се утврди како дошло до овие пропусти и вети дека ќе биде утврдена одговорност од сите инволвирани страни.
„Нашата цел е да обезбедиме квалитетни спортски објекти за нашите граѓани и нема да дозволиме вакви неправилности да останат неказнети“, напиша Ристовски на „Фејсбук“.