Божиќна магија на Никола Јокиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша историја со уште една брилијантна партија во НБА лигата, овој пат на православниот Божиќ. Центарот на Денвер Нагетс забележа трипл-дабл со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата над Кливленд Кавалирс од 121:108.

Со тоа Јокиќ стана само четвртиот играч во историјата на најсилната лига во светот кој во шест различни сезони имаше двоцифрен број на трипл-дабл. Пред него тоа успеаја само Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Јокиќ и овојпат шутираше брилијантно и имаше 10/17 од поле, од кои три шута беа погодени надвор од линијата од 7,24 метри.

Покрај Јокиќ кај Денвер се истакнаа и Џамал Мареј со 18 поени и Мајкл Портер Џуниор со 16 поени.

Во поразениот тим најмногу се истакна Леверт со 22 поени, додека Гарланд имаше 21 поен.

Претходна вестНедозволиво е при згуснат сообраќај регулацијата да се одвива само со семафори
Следна вестПовторно ќе се произведува Москвич