Темно Режим Светло Режим

Божиновска: Нема повеќе институционална пасивност во заштитата на државата

Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини покрена 17 постапки за наплата на долгови во вредност од 32,8 милиони денари, со што за првпат воспоставува системски пристап за заштита на буџетот и интересите на државата.

„Во изминатите години државата беше оставена без активна правна заштита – не се оспоруваа клучни докази, не се преземаа мерки за застареност на побарувањата и не се бранеа државните позиции. Ние го менуваме тој пристап. Министерството активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата и иницира тужби за наплата на долгови“, изјави министерката Сања Божиновска.

Со преземањето на надлежностите, Министерството затекнало шест судски предмети против државата во вредност од 421,8 милиони денари. По активното вклучување на правниот сектор, две тужби во износ од 315 милиони денари биле одбиени, со што буџетот е заштитен од сериозен финансиски удар. Вкупната вредност на предметите против Министерството е намалена на 106,8 милиони денари.

Истовремено, правниот сектор утврдил дека претходно не биле поведувани постапки за наплата од должници за неплатен концесиски надомест. Во соработка со секторот за минерални суровини, идентификувани се застарени побарувања и должници од кои државата има основ да бара исплата.

Од Министерството информираат дека дел од новопокренатите тужби веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди, а на Управниот суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, при што веќе е воспоставена позитивна судска пракса во корист на државата.

Претходниот Пост

Орце Ѓорѓиевски: Имам искуство, имам тим, имам поддршка – Скопје ќе го биде

Следниот Пост

Стојкоски: Нов пензионерски дом во Ѓорче Петров со капацитет до 80 станари