Брачен пар загина во сообраќајка кај штипската населба Македонка

Брачен пар од Штип загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа кај штипската неселба Македонка. Полицијата соопшти дека при судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П.

Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди. Полицијата синоќа изврши и увид кој треба да одговори кои се причините за незгодата.

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

Претходна вестЗавршија антикризните мерки, се зголемуваат цените на лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, оризот…
Следна вестКако Владата помага на населението да се справи со ценовните удари?