Браво за булеварот „Крсте Мисирков“, но зошто Градот ја игнорира депонијата кај Вардариште?

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се пофали на Фејсбук дека булеварот “Крсте Мисирков“ кај Мавровка е реконструиран за 10 дена, и наскоро ќе биде целосно во функција. Информацијата е секако за пофалба заради брзината на изведувањето, но и заради тоа што сообраќајниците во главниот град навистина имаат потреба од проширување и реконструирање.

Но, скопјани и медиумите го потсетија Шилегов дека не се само улиците дел од неговите ветувања. Освен крупните капитални инвестиции кои останаа неостварени, не се реализираше ни ветувањето за „зелено Скопје“. Имено, пред само некој ден, гореше депонијата Вардариште, која сите овие години Шилегов ветуваше дека ќе ја збрише, но никогаш не се случи.

Понатаму, дел од медиумите му забележуваат и за фасадите на зградите Пелагонија и ЕСМ, кои останаа соголени. Од Градот, за порталот „Вечер прес“ изјавиле оти очекуваат во краток период да бидат објавени јавни повици за избор на решенија за изгледот на фасадите.

– Доколку се изберат решенија за нивниот изглед, нареден чекор би биле јавни повици за нивна изведба – потенцираат од Градот.

Но, изгледа од Градот забораваат дека за неполн месец се локалните избори, па актуелниот скопски градоначалник може и да испадне од трката. Прашањето е зошто до сега и овие обврски не се исполнија?

Претходна вестУтре изменет сообраќаен режим во Скопје – седница на македонската и косовската валада
Следна вестИсториските локалитети и музеи во Охрид еднаш месечно со бесплатен влез