Браво за гестот: Бруно Фернандеш од Катар со честитка ФК Вардар

Фудбалската гордост на Скопје и Македонија – ФК Вардар слави 75-годишнината од постоењето на клубот. ФК Вардар е тимот кој беше пресилен за многу клубови во поранешна Југославија. ФК Вардар е расадникот на многу успешни фудбалери кои направија и интернационални кариери.

Сето тоа го поддржува верната и бројна навивачката група „Комити“. И таа годинава слават 35-годишнина од формирањето.

По тој повод на градскиот стадион во Скопје ќе се одигра пријателски натпревар со Железничар од Сараево, тим со кој многу години се надигруваа во поранешна Југославија.

Се прават напори тоа да биде голем спектакл.

Во сето тоа, на големо задоволство на сите македонски љубители на фудбалот, се приклучи и фудбалската ѕвезда на Португалија и на ФК Манчестер Јунајтед – Бруно Фернандеш. Тој иако е во Карат каде настапува на Светското првенство испрати јасна порака преку фотографија во која држи натпис:

„Македонија за Вардар – 23.11.2022“.

Браво за овој гест од фудбалскиот мајстор. Како тој се сетил на Вардар? Најверојатно благодарение на дружењето со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, тие заедно играа во ФК Спортинг Лисабон. Можеби е и друга причината, но која и да е, благодарност за убавиот гест до Фернандеш испраќаат бројни навивачи на ФК Вардар.

Фотографијата ја објавил и самиот скопски клуб на својата ФБ страница.

Претходна вестКазни за 136 возачи, петмина поминале на црвено, седуммина не давале првенство на минување…
Следна вестСаудискиот крал прогласи државен празник поради победата над Аргентина