Брнабиќ: СПЦ се обидува да реши прашања и со тоа директно да придонесе за соработка и поврзување

Црковното прашање околу МПЦ се повеќе е вметнато во политичките кругови. Денеска претседателот Пендаровски му пиша писмо на патрихархот Вартоломеј, а за состојбата со македонската црква беше прашана и премиерката на Србија Ана Брнабиќ. Таа денеска е во Скопје и не сакаше да ги коментира односите и разговорите за црковните прашања меѓу Српската православна црква и МПЦ – Охридска архиепископија. Само кратко укажа:

– Како претседателка на Владата не можам да говорам за црковни прашања и не можам да ги коментирам одлуките на Српската православна црква. Сепак, сакам да кажам дека чувствувам голема благодарност кон СПЦ и неговата светост патријархот Порфирије за тоа што во еден отворен разговор и дијалог се обидуваат да решат некои прашања и со тоа директно да придонесат за регионалната стабилност, разбирање и поврзување и, се враќам повторно на тоа, поинаква иднина, што е одговорност на сите и нас и денес сите треба да работиме на тоа, истакна српската политичарка.

Претходна вест10 услови на Турција за да прифати влез на Шведска и Финска во НАТО
Следна вестБензините поскапуваат за 2,5 денари по литар