„Брод на љубовта“ во Драмски театар

Вечерва, на сцената на Драмски театар ќе гостува Народниот театар од Ниш, Србија со спектаклот „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ на. По успешната соработка во рамки на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“ кој се одржа од 11 до 19 март, на кој Драмски театар гостуваше со ремек-делото „Фестен“, овој пат ние сме домаќини на една голема продукција во која учество имаат и наши автори.
Режисер на овој голем проект е нашиот Ангелчо Илиевски.
-Драмата на Небојша Ромчевиќ „Брод на љубовта“ ми беше иствремено и предизвик и задоволство. Текстот е компликуван на свој начин – на прв поглед се чини површен и едноставен, а всушност, отвора суштински внатрешни човечки и општествени проблеми. И драмата и претставата се занимаваат со духот и состојбата на денешницата. Зборуваат за колективното лудило кое е во голема мера последица од општествениот притисок, а сето тоа води кон едно глобално распаѓање, вели Илиевски.