Бројот на индустриски работници драстично паѓа, a не уверуваат дека економијата расте

И оваа година што завршува денеска, е забележано паѓање на бројот на работниците во индустријата во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Чудно, ако се тргне од логиката на власта дека економијата на Македонија одела кон подобро. Ама батали таа логиката, бројките кажуваат друго.

Најзагорзен е секторот Рударство и вадење на камен, во кој во ноември 2021 во однос на истиот месец претходната 2020 година, опаднал бројот на работници за 6,4 проценти.

Понатаму, втора по ред во однос на губењето на ваков кадар во државава е Преработувачката индустрија која бележи опаѓање од 3,5 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 1,8 проценти.

Клучното прашање е дали некој надлежен во државата ги гледа овие анализи или си тера по својата логика? Но, секако мора да се одговорат уште неколку други прашања, ако сакаме навистина да изградиме земја во која, пред се, младите ќе сакаат да останат:
– Што доведе до ситуација да опаѓа бројот на индустриски работници?
– Си заминуваат ли од државата или само од секторот?
– Имаат ли надлежните некаква стратегија против ваквото паѓање?
– Има ли опозицијата некакво решение?

Ветувањата пред избори на политичарите се покажа дека не може да ги задржи луѓето. Граѓаните сакаат дела, ветувања се изнаслушаа. Кој ќе остварува тој веројатно и ќе добива, но додека се освестат дека мора да се работи за граѓаните, Македонија секојдневно се празни. Можеби стравот дека нема да има кој да гласа на избори, евентуално ќе ги освести?

Претходна вестАкадемик Коцарев: Се направија предавства, Македонија од заробена стана понижена држава
Следна вестМладата Марија Ангеловска ја доби наградата „Новите“ за дебитантски прозен ракопис