Бројот на загинати од земјотресот во Мароко порасна на 632 лица, во земјата владее тотален хаос

Мароканска телевизија јави дека бројот на загинати во земјотресот достигна 632, а повредени се 329 лица, пренесува новинската агенција Ројтерс. Голем број луѓе во Мароко излегоа на улиците во страв од последователни потреси и останаа да спијат тука.

Во земјата владее паника по разорниот земјотрес.

Французинот Мајкл Бизе за новинската агенција АФП изјави дека бил во кревет кога се случила катастрофата.

– Мислев дека мојот кревет ќе одлета. Излегов на улица полугол. Тотален хаос, вистинска катастрофа, лудило, вели Бизе.

Една жена, Далила Фахем, изјави за Ројтерс: „За среќа сè уште не спиев кога се тресеше“. Таа рече дека нејзината куќа е оштетена.

Жителите на Мароко велат дека дошло до прекин на електричната енергија. Според некои информации, оштетено е минарето на џамијата што се наоѓа на познатиот плоштад Џемаа ел Фна во Маракеш. АФП јавува дека во делумниот колапс се повредени две лица.

Џема ел-Фна е главниот плоштад во градот и е дел од Светското наследство на УНЕСКО. Тоа е место за средба на жителите и туристите од целиот свет.

Се чини дека градот Маракеш е силно погоден. .

Некои згради во стариот град Маракеш се урнаа, изјави жител за новинската агенција Ројтерс.

Многу жители одлучија да останат надвор од своите домови во случај силни последователни потреси да го погодат градот.

Претходна вестВремето денес сончево со температура до 33 степени
Следна вестБанда од Македонија украла автомобили на Халкидики вредни над милион евра