Брзото возење е скопско хоби, 36 возачи казнети за еден ден

Осум граѓани се полесно повредени во вкупно 11 сообраќајни несреќи кои што во изминатово деноноќие се случиле на градското подрачје, соопшти скопската полиција. Истовремено, полициските контроли откриле дека 36 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 15 возачи кои управувале со возилата без да имаат положено возачки испит.
Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Санкционирани се и 12 возачи за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.
Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 88 возила.