Буден полицаец на секоја крстосница

Сообраќајната некултура кај дел од скопските возачи секој ден се надоградува. Полицијата е на терен, но или не постасува или на возачите не им доаѓа умот. Вчера се санкционирани шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло. Бројката е загрижувачка, особено што многумина и поминале незабележано од полицијата која објективно не може да биде на секоја крстосница. Дури 21 возач бил казнет поради користење на мобилен телефон при управување на возило,а биле „уловени“ 38 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Полицијата соопшти дека од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози.
За жал, изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди, во кои шест лица се здобиле со телесни повреди.
Изгледа ни треба по еден буден полицаец на секоја крстосница.