Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Македонија

Соседна Бугарија ќе гради автопат до македонската граница. Имано бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со Македонија. Оваа траса е дел од главната TEN-T мрежа. Се очекува автопатот да биде во должина од околу 62 километри.

 

Претходна вестПолскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување
Следна вестВикендов ново прскање против комарци на територијата на Скопје