Бугарите во Уставот, а Македонците во пеколот!

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Саботниот ден, изобилуваше со „германски“ вести! Шулц ни вети датум за ЕУ, а ние – јадниците од С.Македонија, посредно, дознавме дека сме биле подготвени да го исполниме едно од клучните барања на Бугарија – да ги вклучиме Бугарите во Уставот и тоа како државотворен народ на земјата!? Последнава информацијава е од Јохана Дајмел, една од најугледните германски аналитичарки за Балканот, но одекнува во нашата јадничка свест ужасно, пеколно! Особено што доаѓа во време кога северниот премиер незрело се смее кога го претставуваат на меѓународна средба дека е од „Западна Бугарија“, а министерот за надворешни работи се потпишува како „северномакедонски“! За другите, заедно со претседателот од Водно и да не зборувам!

Во услови кога, источниот сосед го проблематизира македонскиот посебен историски развој – идентитетот и не го признава постоењето на Македонците на нејзина територија (покрај европските) пресуди, не смее политичката и општествената врхушка, ни да се помисли за интервенција во Уставот, макар тој бил и северен! Во спротивно, ако на „балкански начин“ или пак преку Собранието, кое е во хронична криза и е со одлуки од сомнителен карактер, напрaват  обид за спроведување на оваа убиствена замисла по македонската опстојба, ќе биде крај за нас Македонците и сите македонски патриоти во државата и пошироко.

Едностраното и едноставното внесувањето на Бугарите во Уставот и тоа како конститутивен народ ќе значи на голема врата да се редефинира историјата на македонскиот народ и неговата држава. Тоа е пеколен начин, ирационалниот спор – за македонската историја и идентитетот на народот – да добие рационална реализација на бугарските намери за асимилација, односно бугаризирање на сè она што се е македонско – средновековие (Самоил, богомили), нов век (преродбеници, културни дејци, револуционери – Делчев) и современ период – да се промени вистинската улога на Бугарија во Втората светска војна, од фашистичка и окупаторска, во слободољубива држава со народ измачен од борби и затоа заслужен за изградба и на македонската држава!

Тоа би била целосна промена на македонската историја на штета на Македонците и нивните жртви пред и за време на балканските и светските војни. Со едностраното и едноставното внесување на Бугарите во Уставот на РС Македонија, „богатото културно наследство (…) традицијата на Крушевската Република и правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“ ќе се и бугарски, а ако имаме среќа и по малку македонски! Затоа, повеќе од кога и да е ни е потребна, отворена свест, мурост, сила, волја и сензитивност да се одбраниме од овие апокалиптични посегања по нашата душа – македонска. Ако ја загубиме, ништо нема да ни треба, најмалку датум!

 

Претходна вестКире Лазаров го одигра последниот меч во кариерата: Горд сум на тоа што го постигнав
Следна вестВо Франција прв круг од парламентарните избори