Бугарската полиција уапси 24-годишник поради недолични кометари на Фејсбук, за страотната автобуска несреќа

За недолично коментирање на Фејсбук за завчерашната сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија, бугарската полиција упси 24-годишно лице.  Како што информираат од бугарското МБР, полицијата го привела нивниот граѓанин, бидејќи објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот „Струма“, некомпатибилни со моралните и етичките норми.

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие. Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – проповедање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштуваат од бугарското МВР.