Бугарски фудбалер со нагмечен череп по судир на репрезентативните автобуси во Грузија

Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев е тешко повреден во сообраќајна несреќа која неговата репрезентација ја доживеа синоќа во Тбилиси, Грузија.

На пат кон хотелот во Тбилиси, во пресрет на натпреварот меѓу Грузија и Бугарија во Лигата на нации, еден автобус на бугарската репрезентација удрил во друг поради преголемата брзина и лизгавиот коловоз.

Со предниот десен крај, тој удрил во задниот дел од автобусот пред него, при што черепот на Неделев бил нагмечен, па тој бил итно пренесен во болница. Според првичните информации, фудбалерот е надвор од животна опасност и лекарите веруваат дека ќе закрепне.

Во 3. коло од Лигата на нации, Бугарија сензационално испушти бодови од Гибралтар играјќи 1:1. Репрезентацијата потоа отпатува за Грузија, каде утре треба да игра против тамошната репрезентација, но доживеа несреќа која веројатно нема го одложи натпреварот.