Бугарскиот диригент Тодоров и српскиот солист Гавриќ утре во Македонска Филхармонија

Утре со почеток во 20 часот, во Македонска Филхармонија се одржува концерт со наслов „Калеидоскоп“.

Звуците на македонскиот оркестар овој пат ги диригира Бугаринот Најден Тодоров, а ќе може да се види и слушне и гостинот од Србија, солистот Дејан Гавриќ.

„Слики од изложба“ од Модест Мусоргски и Концертот за флејта и оркестар во де-мол од Карл Филип Емануел Бах, се двете дела најавени на репертоарот.

Претходна вестТуристи договараат аранжмани со „Беса Транс“, надлежните тврдат не можат ни вонреден надзор да направат
Следна вестШто рече холанскиот премиер за ветото од Бугарија и што сега прави ЕУ?