Бугарското МВР формира штаб за борба против купување на гласови на изборите

Специјален меѓусекторски штаб за борба против трговијата со гласови на престојните парламентарни избори формирало бугарското Министерство за внатрешни работи.  Во него ќе учествуваат претставници на Обвинителството, полицијата и Државната агенција за национална безбедност (САНС).

Во веста што ја објавува македонската агенција МИА се наведува дека повеќе од 20.000 полицајци во Бугарија ќе бидат ангажирани на денот на парламентарните избори, што се одржуваат на 4 април.

-Во моментот нема специфични сигнали за купување гласови, но има информации за можно извршување на вакви кривични дела. Голем број луѓе биле осудени и ги издржале казните поради купување на гласови на претходните избори во Бугарија. Со оглед на проценките што ги направивме и со оглед на искуството од претходните избори, бројот на ангажирани лица ќе биде над 20.000. Јас не зборувам само за денот на изборите, туку и воопшто, за обезбедување на изборниот процес, изјави за БТВ генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи, Ивајло Иванов. 

Претходна вестДупката во Автокоманда веќе не е дупка, уште колку останаа незакрпени?
Следна вестРуската вакцина „Спутник V“ ќе се произведува во Италија