Бурен вовед во продолжениот викенд: тепачка и струен удар заради кражба

Четвртокот кон петок ноќта почна да се полни полицискиот билтен со црна хроника како вовед во продолжениот викенд. Имено околу 1,45 часот по полноќ дваесетгодишниот С.Н пријавил дека половина час порано пред пекарница во населбата Илинден бил физички нападнат од М.Д. Нема детали за инцидентот. Следниот ден, во петокот пак, врсник на нападнатиот, повторно момче на возраст меѓу 20 и 25 години, настрадало откако го удрило струја обидувајќи се да ја краде. Се здобило со висок степен на изгореници по телото, па со возило на итна помош било пренесено во болница.
И за овој случај полицијата тврди оти го расчистува.