Бурна новогодишна ноќ: 20-годишник прободен со нож, три сообраќајки

92

На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23. Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож.Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба.

Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.

На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.

 

Претходна вестАлек е првото бебе родено годинава, мајката долго чекала пород
Следна вестХаос во Берлин на новогодишната ноќ: 18-годишник прободен со нож, уапсени се над 300 демонстранти поради напад со петарди и огномети