Царинска управа: Пријавил вода, пити, салати и пиперки, а кријумчарел два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

87

Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните.

-Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за него не поседувал ниту ветеринарен сертификат, информираат денеска од Царинската управа.

Оттаму додаваат дека по поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.

-Имено, во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра, информираат од Царинската управа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТиквеш ги пушти во продажба билетите за соочувањето со Бреидбалик во Скопје
Следна вестВо тек е кампањата „Носи кацига“