Улицата „Јосиф Михајловиќ“ во населбата Дуќанџик, општина Чаир, е целосно реконструирана, информира градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, при што се подобрени условите за движење и живот на жителите.
Со проектот најпрво се уредени фекалната и атмосферската канализација, како и водоводната мрежа.
Реконструкцијата е заокружена со асфалтирање на околу 500 квадратни метри патна површина.
Од општината најавуваат дека ваквите инфраструктурни зафати ќе продолжат и во наредниот период.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






