Цената на такси – превозот врзана со цената на бензинот: Старт 50, секој километар – 30 денари

Откако неодамна ги одби, Советот на Град Скопје денеска го усвои барањето на таксистите за формирање на три нови тарифи и цени врз основа на што следува поскапување на такси – услугите во градот. Ова значи дека сега во сила ќе стапи една од трите тарифи според која граѓаните за старт на возилото ќе плаќаат 50 денари а за секој изминат километар – 30 денари.

Инаку, Одлуката која влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Град Скопје“ предвидува цената на такси-превозот да зависи од цената на горивото. Цената по која до сега возеа таксистите од 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар да биде прва тарифа и ќе важи кога цената на горивото е до 75 денари за литар. Втората тарифа која ќе се применува сега е кога горивото е од 75,50 денари до 119,50 денари и тогаш стартот е 50 денари, а секој изминат километар 30 денари. Третата најскапа тарифа предвидува старт од 60 денари, а за секој километар да се наплатува 35 денари кога цената на горивото ќе биде над 120 денари.

Во Скопје има 2.700 таксисти, според бројот на лиценци издадени од Град Скопје

Претходна вестЛекарска комора за случајот „Жан Митрев“: Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци
Следна вестГолем пожар кај Криволак, се бара помош од АРМ