Цените на бензините се намалуваат за 2, на дизелот за 2.5 денари

Од ноќеска на полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 1.99 отсто, одлучи денеска Регулаторната Комисија за енергетика.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 93.50 денари, додека ден литар 98-октански бензин ќе чини 96.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 93.00 денари.

Новите цени ќе важат до следната пресметка.