Цените на скопските пазари одат кон небото: Кромидот стаса до 80 денари, но и тоа не му е последна цена

Драстичен скок на цени на некои зеленчуци се случи последниве денови на скопските пазари. Така, скопјнаите деновиве се шокирани од цената на кромидот која достигна рекордно ниво од 80 денари!? Но, на некои пазари овој зеленчук се продава дури и по 90 денари. Колку е тоа драстично зголемување може да се заклучи по тоа што неговата цена до скора беше околу 40 денари. Практично, за кусо време цената му е двојно зголемена, односно, за цели 100 отсто.

Зошто ова се случува не е познато. Еден од пазарџиите на скопското Зелено пазарче утринава ни кажа дека цената е зголемена од причина што кромидот станал реткост во земјава.

-Го нема никаде да може да се набави. Нема ниту од увоз, уште помалку од домашни прозиводители. Не знам кај ќе и бид екрајот на цената, ни рече тој.

И граѓаните се изненадени од толку висока цена.

-Ова е прескапо. Кромидот предизвикува солзи кога готвиме. Сега цената му е за плачење. Веќе нема да купувам на килограм, ќе земам само по неколку главици, колку да има за готвење, вели една граѓанка.

И цената на младиот кромид не е мала. Една китка чини 20 денари, а доколку се земат три – 50 денари. Но, скопјаните се навикнати на високите цени на пролетниот зеленчук за разлика од кромидот од минатогодишниот род.

Претходна вестПроменливо облачно со температура до 20 степени
Следна вестПовторно одложено петгодишното судење на Канческа-Милеска, не можел да дојде вештакот