Чекавме нови улици, а испадна дека и дупките на старите не се крпат како што треба

Ги испокршивме возилата среде Скопје

Не може квалитетно да поправат дупки тие што не знаат ниту една шахта да ја направат да биде рамна со асфалтот. Или им излегува повисока или е пропадната. Неспособни се, а многу фалби слушаме од градското раководство, реагира Стефанија од Гази Баба…

 Возачите кои со автомобили влегуваат во мошне прометната улица „Јордан Мијалков“, поранешната „Железничка“ веднаш на почетокот се уште ги чека непријатното изненадување – старата голема дупка во асфалтот. Единствена промена е што станала уште подлабока и поопасна за кршење на возилата. Скоро и да не можеш да ја избегнеш дури иако знаеш дека е тука некаде. Но, тоа не е крај на маките. На само педесетина метри подалеку, таман кога ќе се вратат во својата десна лента, колите пак ги чека нова, уште поголема дупка. А двете дупки се стари со месеци и месеци…

-Редовно ја одбегнувам дупката на улица „Јордан Мијалков“, веднаш до „Мала станица“, но и другите. И оние што се подзакрпени пак се проблем. На семафорот на самиот излез од бензинската пумпа кај Нова железничка станица имаше дупка која беше крпена. Сега, тој асфалт пак е пропаднат. Да не зборам за тоа колку дупки има по маалските улици. Тие се најзапустени. Улиците низ Радишани, на пример, посебно кај последната автобуска станица се катастрофа, вели граѓанинот Жарко Атковски, забалежувајќи дека крпењето се обавува нестручно и дека по самото крпење останува нерамен асфлат и дупките пак се појавуваат.

„Скопско ехо“ пред половина година алармираше за лошата состојба на повеќето градски сообраќајници, за дупките на „Јордан Мијалков“ тогаш беше споменато… но еве пак мора да се апострофираат оти ништо не се сменило. Се чини, се смениле само возачите кои маката ги натерала да помнат каде на улиците има дупки, нерамнини…

-Не пропаѓам често во дупките само поради тоа што ги научив на памет. Особено во оние што се на мојата рута од дома до работа и до Центар. Ама кога ќе тргнам кон Бутел, кај моите родители, крш се прави предницата на возилото, ни прокоментира аеродромецот Арсо Илиев.

Нашата репортерска екипа обиколи неколку фреквентни сообраќајници…

 

Целиот текст може да го прочитате во бесплатниот неделник СКОПСКО ЕХО.