Темен режим Режим на светлина

Често дишеме отров, не треба странци да не потсетуваат на тоа, доволно е да отвориме прозорец

Често дишеме отров, не треба странци да не потсетуваат на тоа, доволно е да отвориме прозорец Често дишеме отров, не треба странци да не потсетуваат на тоа, доволно е да отвориме прозорец

Без чисти вода и воздух нема квалитетен живот. А во Македонија за жал пречесто токму овие две работи се загадени. И тоа многу загадени.

Според најновиот извештај на платформата „IQAir” за 2025 година, Македонија е на второ место во Европа по загаденост со ПМ честички, веднаш зад Босна и Херцеговина. Концентрацијата на PM 2,5 е над дозволеното три до пет пати. Најкритични се Тетово, Струмица, Гостивар, Кичево, Куманово, а и Скопје е тука некаде.

Но, зарем ни треба странски листи да не потсетуваат дека наместо воздух дишеме отров? Во Македонија само треба посеопфатна борба против опасно загадениот воздух. Институциите прават по нешто, ама некако сите чекаме ветерот да ни ја заврши работата и да го растера отровот од воздухот.
До кога така? Ќе се чека и иднината година да бидеме на извештаите за најзагадени или ќе се засукаат ракавите?

Звучи неверојатно, но кај нас се уште се бараат кои се главните загадувачи, а уште помалку има прецизни задолжување некои фабрики да инсталираат современи филтри и да ги намалат штетните емисии.
Дополнително, се дозволува увоз на разен отпад, што отвора сомнежи дека загадувањето се зголемува наместо да се намалува.

За вистинска промена потребни се конкретни чекори – строга контрола на индустријата, модерни филтри, ограничување на загадувачите и сериозни
инвестиции во чисти извори на енергија. Пошумувањата исто така се нужни.

Со децении се ветува решение, се носат стратегии и планови, но нели е време сето тоа понастојчиво да се спроведува?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Слаб потрес регистриран кај Скопје

Следна објава
Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку заслужена европска иднина

Гориво има, цените засега се стабилни, Мицкоски сега и со иницијатива за енергетско будење на целиот Балкан