Четири часа полициски час кога и онака сите спијат, ама маски на отворено ќе се носат

Полицискиот час од полноќ до 4 часот почнува од утре, заради тоа што денеска е Рамазан Бајрам – празник на верниците од муслиманска вероисповед. Ваква одлука донесе владата и претходно за Велигден и сега. Дилемата во јавноста беше дали ќе се успее да се контролира групирањето на граѓаните во затворени места, но според бројките на новозаразени постпразнично, тогаш – поголеми поместувања во бројките на новозаразени нема.

Сепак јавноста коментира дека се уште е рано да се дискутира дали празничните ослободувања ќе ја зголемат кривата на нови случаи, оти треба да поминат неколку денови. Апелите на здравствените власти до овој момент се единствената мерка против групирање. Оставено е на свеста на граѓаните.

А тие пак си прават шеги на сметка на последниот полициски час. Нејасно им е зошто од полноќ до 4 часот кога и онака скоро никој не се движи е потребно да има полициски час? Дали поентата е колку да се демонстрира одговорност дека имаме некаква мерка? И зошто се остави маските да се носат на отворено дури и таму каде нема голема фреквенција на луѓе?

Претходна вестДо петок сончево, викенд со дожд
Следна вестПретпладне сончево, попладне дожд