Кумановец со „рено“ излетал од патот Куманово-Арачиново при што се повредиле четири лица. Меѓу повредените има две деца.
– На 16.01.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Општина Арачиново, кај с.Ново Село, кумановско, патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.