Четири пациенти починаа од вирусот, потврдени се 85 нови случаи

Четири лица починаа од вирусот, а потврдени се 85 нови случаи во Македонија. Оздравеле 45 заболени, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од: Скопје-1, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Демир Хисар-2, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-7.

Починати се четири лица, два пациенти од Скопје (72г. и 84г.), пациент од Дебар (62г.), и пациентка од Штип (66г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.

Претходна вестГореа три возила на паркинг во Ново Лисиче
Следна вестВладата имаше време за точна стратегија за учење од 1ви, зошто ја нема?!