Четири пациенти со делта вирусот се лечат во Скопје, еден е со потешка форма

Кај пациент од Велес е регистриран индискиот (делта) сој на коронавирусот, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа, во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите.

– Тие се лекуваат во Скопје, само еден е со потешка форма, на респираторна машина, другите се со стабилна клиничка слика. Скринингот кој се прави на тестовите на Институтот за јавно здравје и во МАНУ ја исклучува британската варијанта. Што значи дека секаде каде скринингот ќе покаже дека не е британската варијанта, се прави испитување дали е индискиот сој, рече Филипче.

Тој додаде дека не станува збор за поврзани случаи иоти лицата не биле вакцинирани.

За нови мерки за патниците кои доаѓаат од земјите каде индискиот сој е раширен, Филипче рече дека Комисијата за заразни болести до крајот на неделава ќе заземе став по тоа прашање.