Четиримесечно бебе заразено со корона вирусот примено на Инфективна клиника

На Инфективната клиника е примен досега најмладиот пациент. Имено, мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната, откако било утврдени дека се позитивни на корона вирусот. Ова пред малку го информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-И мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Состојбата се следи конзилијарно и со педијатар и бебето е добро, нема потреба од респираторна подршка, соопшти министерот.

Инаку, на Инфективната клиника во последниве 24 часа се примени пет нови пациенти. Вкупниот број хоспитализирани на клиниката е 68 лица. Од нив, 20 се со потешка клиника слика, а седум се во критична состојба.

За четворица пациенти се чека вториот контролен тест, пред да бидат пуштени
од клиниката како излекувани.